23
Дек
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИНТЕРКУЛТУРА УЧЕСТВУВАА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА CONNECT INTERNATIONAL
Генералното собрание на меѓународната мрежа CONNECT International се одржа во понеделник, 21 декември 2020 година, во онлајн формат преку апликации за видео конференции. Претставници на Интеркултура, како членови на оваа мрежа, учествуваа на седниците на Собранието и дадоа активен придонес во дискусиите за идните активности и планираните проекти на CONNECT.
Исто така, заедно со другите учесници, ги анализиравме достигнувањата на мрежата во 2020 година и разговаравме за начините на кои можеме да придонесеме за растот и развојот на CONNECT во 2021 година.
