31
May

Спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел” ФОКУС ГРУПА 4

Во рамките на проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), Интеркултура го мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативен центар “Го сакам Бутел”. На 30 Мај со почеток во 17:00 часот се одржа фокус група во просториите на Интеркултура и на истата присуствуваа 6 граѓани кои живеат на територијата на Општина Бутел.

Фокус група со граѓаните на општина Бутел, 30 мај 2023г.

На фокус групата се дискутираа неколку прашања:

– Информираноста на жителите за работата на Општината

– Дали се запознаени со изборните ветувања, и конкретно со ова кое се мониторира

– Колку според нив се исполнуваат изборните ветувања

– Со кои алатки се запознаени и дали знаат како да добијат информација од општината

Според учесниците во фокус групата жителите бараат информација од општината доколку имаат некоја потреба. Скоро никогаш не се грижат доколку не се политички ангажирани како да добијат информација од општината.

По второто прашање повеќето нагласија дека ги следат изборните ветувања и дека тоа има влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат, односно доколку само ги „лажат“ нема да му дадат доверба повторно на истиот кандидат. Досега многу ретко кој градоначалник ги исполнил своите изборни ветувања. Знаат дека општината има фејсбук страна и од таму некогаш ќе прочитаат нешто доколку им излезе на нивниот профил

Фокус група со граѓаните на општина Бутел, 30 мај 2023г.

Повеќе информации за стаусот на ова изборно ветување може да се најдe на следниов линк: https://electoralreforms.mk/single-initiative-2022/?ID=4608&mesec=%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82-2023

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...
en_USEnglish