ЕВРОПСКАТА ЖИВА БИБЛИОТЕКА ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ

15
Јун

ЕВРОПСКАТА ЖИВА БИБЛИОТЕКА ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ

Од 8 до 11 јуни 2022 година, во Скопје беше организирана третата Европска жива библиотека. Во настанот беа вклучени скоро 100 учесници од земјите партнери на проектот кои беа подготвени да ја поддржат имплементацијата на настанот и да послужат како привлечни живи книги за граѓаните на Скопје.

Настанот кој беше отворен за јавноста се одржа пред Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, каде што голем број луѓе учествуваа во „читањето“ на нашите живи книги. Ова искуство им даде шанса да научат нови интересни работи од животните приказни и да ги скршат постоечките стереотипи и предрасуди за луѓето кои припаѓаат на различни култури, религии, општествени класи или етнички групи.

Европските живи библиотеки се замислени со цел да го поттикнат дијалогот, да ги разбијат предрасудите и да ги промовираат европските вредности меѓу граѓаните од целата Европа преку живи настани. Следните настани во рамките на овој проект ќе се одржат во Љубљана и Белград затоа останете со нас за да не ги пропуштите.

Проектот „Европска жива библиотека за млади граѓани“ е кофинансиран од Програмата Европа за граѓаните на Европската Унија.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...
mk_MKMacedonian