Младите имаат голем потенцијал, но немаат секогаш шанса да го реализираат истиот. Затоа нашата порака е “младите СЕГА, а не ресурси за ИДНИНАТА“
Интеркултура е против секаков вид дискриминација. Овозможуваме сигурно место каде што сите се чувствуваат добродојдени и третирани на ист начин. OPEN YOUR MIND!
Екологијата и заштитата на животната средина се повеќе се налага како приоритет за да не ги забрзуваме климатските промени и да и дадеме шанса на природата да се грижи за нашето здравје.
Организација за културна соработка ИНТЕРКУЛТУРА е основана кон крајот на 1997 година и официјално е регистрирана во 1998 година. Главна цел на организацијата е промовирање на младинската работа, преку неформалното образование, како и промовирање на културата на сите етнички заедници кои што живеат во Македонија
Дознај повеќеПотенцијалот на младите се развива преку различни интереси и користење на различни настани – културни, спортски, креативни и слично. Преку нив младите ја развиваат меѓусебната комуникација, ги развиваат врските меѓу нив, ги дискутираат проблемите и изнаоѓаат начини за нивен поуспешен живот.
Дознај повеќе…имав можност да учам и да стекнам
искуство и вештини за различни области како младински активизам, вклучување на младите во
заедницата, проектен менаџмент и реализација на проекти…
…ги зајакнав своите
знаења и вештини во областа на младинската работа и работа во тим. Своите стекнати знаења, весштини и способности сега ми помагаат во остварување на контакти, реализација на своите цели и идеи и работа со луѓето околу мене.
Интеркултура ми пружи можност да учествувам на меѓународни проекти каде покрај запознавањето со млади од други земји и култури, се стекнав со вештини и знаења кои придонесоа за мојот личен развој, а истите и денес ги применувам на работното место.