06
Ное

ВО БЕЛГРАД СЕ ОДРЖА СРЕДБА НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ ЗА ПРОЕКТОТ “FAMILY FRIENDLY SPORT”

Во периодот од 2 до 5 ноември 2022 година, во Белград, Србија, се одржа работна средба на засегнатите страни во рамките на проектот „Family Friendly Sports – Постигнување одржлив спортски екосистем“. На настанот присуствуваа претставници на спортски клубови и младински организации од Србија, Грција, Македонија, Шпанија и Белгија.

Работна средба на засегнатите страни на проектот „Family Friendly Sports” во Белград.

Главната цел на средбата беше да се разработат и дефинираат заклучоците на содржината на двете насоки кои ќе се развиваат – како прво, чекор по чекор насоки за клубовите да станат пријателски настроени кон семејството и да содржат методи што се користат за семеен спорт, и второ – работа со родители. за да се достигне целосниот потенцијал на семејните денови во спортските клубови. Истотака, концептот на FFS беше детално дефиниран со поддршка на извештаите од истражувањето и вредните заклучоци добиени од учесниците. На работната средба истотака, имаше дел на поделба на одговорности во споведување на проектните активности на засегнатите страни, како и овозможување на членовите на конзорциумот да ја проценат претходната работа направена во рамките на проектот.

Проектот „Family Friendly Sports“ е кофинансиран од Европската Унија.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...
mk_MKMacedonian