ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “DOOR OUT SPORT “
Минатата недела се одржа обука за градење капацитети во рамките на проектот „Door Out Sport“ во Белград, Србија. На активноста присуствуваа претставници од партнерски организации, спортските клубови и придружни партнери кои се стекнаа со вештини за успешна имплементација на упатствата за методологија на проектот во нивната секојдневна работа. Покрај тоа, тие ги подобрија своите знаења и вештини за развој и имплементација на иновативни програми за повеќе спортови на отворено, се стекнаа со вештини како да обезбедат неформално образование за младите во и преку спортот и како да го користат спортот во развивање кампањи за подигање на свеста кои се однесуваат на општествените предизвици. Понатаму, учесниците се запознаа со нови комуникациски стратегии и како да дизајнираат и водат атрактивни кампањи за вклучување на младите во спортот и промовирање на работата на спортските клубови и организации.
Проектот “DOS: Door Out to more Sport for all“ е имплементиран од конзорциум на организации и спортски клубови од Србија (Кмпинг сојуз на Србија, Планинарски клуб Стражилово), Хрватска (Карате клуб Мославина) и Македонија (Здружение на граѓани Интеркултура, Кошаркарски клуб Младост).
Проектот “Door Out to more Sport for all“ е кофинансиран од Европската Унија.