ПИЛОТ-НАСТАНИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „FAMILY FRIENDLY SPORTS“
Пилот настани во рамките на проектот „Family Friendly Sports“ беа усоешно реализирани во Србија, Шпанија, Хрватска и Грција. Пилот настаните беа организирани од страна на спортските клубови чии претставници учествуваа на обуката на градење на капацитетите на клубовите за имплементација на семејниот спортски пристап кој се одржа во Белград пред неколку месеци.
Пилот настаните им овозможија на спортските клубови да ги применат иновативните методологии #FFSec и знаењата кои им беа претставени за време на обуката. Преку нив, тие ги тестираа методи за работа со родители и деца на индивидуално и групно ниво, истражуваа имплементација на едукативни процедури за тренери и поминаа низ логистички и организациски процедури на настаните погодни за семејството.
Заклучоците и повратните информации добиени за време на пилот фазата ќе им овозможат на партнерите во проектот да ги оптимизираат и надградат резултатите од проектот, со што ќе ги направат поефективни и поатрактивни.
Проектот е кофинансиран од Европската Унија.