Промотивен настан, Мониторинг на изборното ветување “Го сакам Бутел”
Во рамките на проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), Интеркултура го мониторира изборното ветување на градоначалникот за изградба на спортско рекреативенцентар “Го сакам Бутел”. На 29 Мај се одржа промотивен настан во просториите на ОГУДУ Кочо Рацин и на истиот присуствуваа 15тина граѓани кои живеат на територијата на Општина Бутел.
На настанот се презентираа резултатите од досегашниот мониторинг. Спортско рекреативниот центар е во фаза на градење и истиот се гради со директно учество на граѓаните во идејното решение. Досега изградените делови се со поддршка на општествено одговорни компании и граѓани. Според планираната динамика се очекува да биде финализиран кон крајот на Јули.
Во вториот дел се разговараше на теми околу учеството на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво како и достапноста на информации за работата на Општината и медиумите кои истата ги користи да ги пласира информациите.
На средбата од страна на присутните беше нагласено дека во досегашниот тек се градат доста инфраструктурни објекти на територијата на општината. Од повеќе учесници беше нагласена потребата од организирани форми на активности за да спортските терени бидат поискористени од младите и воопшто граѓаните на општината.