Годишен извештај за работата на Интеркултура
Со особена гордост го објавуваме Годишниот извештај за работата на Интеркултура, кој ги сумира активностите, резултатите и влијанието остварени во текот на изминатата година.
Веќе 28 години, Интеркултура посветено работи на промовирање на интеркултурниот дијалог, човековите права, младинското учество, еднаквоста и солидарноста. Во текот на овие години, организацијата прерасна во препознатлив и доверлив актер во граѓанскиот сектор, кој континуирано создава простор за учење, соработка и позитивни општествени промени.
Годишниот извештај претставува преглед на нашата мисија во пракса преку проекти, едукативни активности, партнерства и иницијативи насочени кон градење поинклузивно, поемпатично и поодговорно општество. Тој е и сведоштво за заедничката работа, посветеноста и енергијата на сите кои веруваат во вредностите што ги застапува Интеркултура.
На крај, искрено им благодариме на сите наши партнери, соработници и донатори за континуираната поддршка, доверба и заедничка визија. Без вашата поддршка, 28-годишната приказна на Интеркултура и нејзиното влијание не би биле возможни.

