Зборовите оставаат лузни: едукација против говорот на омраза меѓу младите-одржани две работилници во Кавадарци и Битола
Во Кавадарци и Битола, во рамки на проектот „Зборовите оставаат лузни“, се одржаа едукативни работилници посветени на говорот на омраза, алгоритмите на социјалните мрежи и нивното влијание врз младите.
На работилниците учествуваа средношколци и студенти, меѓу кои и голем број спортисти. Преку отворени дискусии и фокус групи зборувавме за тоа како алгоритмите го засилуваат говорот на омраза и негативните содржини со кои младите секојдневно се соочуваат онлајн-во училиштата, на спортските натпревари и на дигиталните платформи.
Преку практични задачи анализиравме текстови и коментари, учевме да препознаваме „тригер“ зборови и манипулативни наративи и заедно откривавме начини како проблематичните содржини да се преработат во конструктивни, ненасилни и транспарентни пораки кои не маргинализираат и не поттикнуваат омраза.
Овој проект е поддржан од Report diversity network и Европската Унија









