Работилница во рамки на проектот “Words that Leave Scars”
Во рамки на проектот “Words that Leave Scars”, се одржа четвртата работилница во Велес, посветена на влијанието на говорот во дигиталната комуникација и неговите последици врз младите.
Во услови на сè поинтензивна комуникација преку социјалните мрежи и дигитални платформи, особено е важно да се отвори простор за критичко размислување за одговорноста што ја носи секој напишан збор. Работилницата ги адресираше прашањата поврзани со говор на омраза, онлајн навреди и сајбер-насилство, дискриминација, како и важноста на одговорна комуникација и емпатија во дигиталниот простор.
Преку интерактивни активности, анализа на медиумски содржини, групни дискусии и креативни задачи, учениците имаа можност да препознаат кога комуникацијата преминува во форма на насилство, да ја разберат перспективата на жртвата, како и да стекнат знаења и вештини за соодветно реагирање како сведоци и како дигитално писмени и одговорни млади граѓани.
Настанот претставуваше безбеден простор за отворен дијалог и размена на мислења, со јасна порака дека зборовите имаат моќ, тие можат да повредат, но и да придонесат кон градење култура на почит, прифаќање и разбирање.









