Нашата приказна

Визија и мисија

Визија: Општество во кое културната разновидност е вредност, граѓаните се активни и одговорни, сите имаат еднакви можности за учество, а одржливиот развој и грижата за животната средина се заедничка одговорност и двигател на локалниот и глобалниот напредок  

Мисија: Да придонесуваме кон развој на инклузивно, активно и одржливо општество преку промовирање на младинска работа, култура, интеркултурен дијалог и неформално образование. Создаваме можности за активно учество на граѓаните, поттикнуваме еднакви можности, социјална инклузија, толеранција и меѓусебно почитување, а истовремено работиме на подигнување на свеста и развој на знаења и вештини за заштита на животната средина, справување со климатските промени, одржлив развој и користење на обновливи извори на енергија. Преку локална, национална и меѓународна соработка придонесуваме кон создавање отпорни заедници и позитивни општествени и еколошки промени.

Младите Сега!

не ресурси за ИДНИНА

Младите имаат голем потенцијал, но немаат секогаш шанса да го реализираат истиот. Затоа нашата порака е “младите СЕГА, а не ресурси за ИДНИНАТА“ 

Сите различни, сите еднакви!

Отвори го умот

Интеркултура е против секаков вид дискриминација. Овозможуваме сигурно место каде што сите се чувствуваат добродојдени и третирани на ист начин. OPEN YOUR MIND!

Иднината Сега!

Заштити ја животната средина

Екологијата и заштитата на животната средина се повеќе се налага како приоритет за да не ги забрзуваме климатските промени и да и дадеме шанса на природата да се грижи за нашето здравје.

Запознај го тимот

Зоран
Извршен директор

Со повеќе од 30 години работно искуство во развој и промовирање на младинско учество и интеркултурно образование. Високо развиени вештини и знаења за управување со проектен циклус, планирање, развивање проектни апликации, градење капацитети, застапување, младинско учество. Учествувал и испорачал голем број семинари, обуки, едукативни курсеви.
Раководел со вработени и волонтери, а особено е горд на можноста да работи и да управува со меѓународни и етнички мешани тимови.

Ајсулу
Медиумски соработник

Ајсулу е високо квалификуван професионалец со силна академска позадина и долгогодишно искуство во сектор на невладини организации, образование, бизнис и масовни медиуми. Таа има страст за промовирање на социјалната правда и човековите права, особено меѓу младите. Ајсулу одигра клучна улога во промовирањето на законските реформи, заштитата на правата на децата и промоцијата на граѓанските иницијативи како еден од основачите на Младинската
група за човекови права, младинска невладина организација од Киргистан. Како наставник по бизнис и економија на колеџот Јахја Кемал, Ајсулу успешно ги има применето методи на неформално образование во наставните програми во средните училишта. Ги сака деталите, а
нејзините силни организациски вештини и способноста за ефективно работење во тимско опкружување ја прават непроценливо богатство за секој проект.

Ивана
Проектен менаџер

Ивана Пенева е проектен менаџер со повеќе од 10 години искуство во граѓанскиот и јавниот сектор. Таа има експертиза во планирање, координација и имплементација на проекти на локално и меѓународно ниво, како и во соработка со институции, невладини организации и меѓународни партнери.
Нејзината работа опфаќа проекти од областа на младите, спортот, родовата еднаквост, социјалната инклузија, човековите права и животната средина и климатските промени со искуство во буџетирање, мониторинг и евалуација, како и организација на обуки, работилници и јавни настани.
Ивана е посветена на промовирање на еднакви можности, активно граѓанско учество и одржлив локален и национален развој, со особен фокус на инклузивни политики и соработка меѓу различни заедници и засегнати страни.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...
mk_MKMacedonian