Јавен повик за Млади артисти за PASS истражување
Добредојдовте на самоевалуациската анкета за проценка на различни аспекти од вашите уметнички и професионални капацитети.
Целта на истражувањето е да се испитаат капацитетите на уличните уметници за осмислување, воспоставување и олеснување на значаен, партиципативен и трансформативен општествен дијалог преку создавање уметнички дела, со што ќе се придонесе кон позитивна општествена промена во заедниците ширум Европа, пред сè во областа на социјалната кохезија. Резултатите од ова истражување ќе се користат исклучиво за развој на иновативни практики во уличната уметност и за отворање можности за прекугранична соработка во рамки на проектот „Pass the Street (Art), Shake the Hand“.
Ве молиме одговорете искрено и внимателно на прашањата, бидејќи тоа ќе ви помогне да размислите за вашите тековни вештини и да ги идентификувате можностите за понатамошен развој.
За прашалникот
Анкетата е поделена на шест поглавја, при што секое се фокусира на одредена област од вашата пракса и знаење.
Шесте поглавја се следниве:
- Вовед (5 прашања)
- Проценка на капацитетите за развој на социјално ангажирана улична уметност (5 прашања)
- Проценка на капацитетите за олеснување на прекуграничен дијалог со граѓани (5 прашања)
- Проценка на капацитетите за прекугранична уметничка соработка при развој на уметнички дела (5 прашања)
- Проценка на нивото на знаење за иницијативи на ЕУ поврзани со социјална инклузија и интеграција (4 прашања)
- Проценка на капацитетите за прибирање средства и краудфандинг (4 прашања)
Вкупно има 28 прашања во оваа анкета. Повеќето прашања се затворен тип и бараат само еден одговор. Сепак, едно прашање дозволува повеќе одговори, а едно бара сопствен внес. Ве молиме внимателно прочитајте ги инструкциите.
Вашите одговори ќе дадат вредни сознанија за вашите тековни капацитети, и ќе ви помогнат да ги оцените вашите силни страни и областите каде што е можен понатамошен развој.
За да се обезбеди точност и навременост на податоците, имајте предвид дека анкетава мора да се пополни најдоцна до 4 април 2025 година. Сите одговори доставени по овој датум, за жал, нема да бидат земени предвид во анализата.
Проектот PASS е кофинансиран од Европската Унија.


