Успешно реализиран MindPlay тренинг за градење на капацитети во Бајина Башта, Србија

Од 18 до 22 јуни 2025 година, во Бајина Башта, Србија, се одржа обука за градење капацитети во рамки на проектот „MindPlay“. Обуката ги собра спортските тренери, младинските работници и едукатори од земјите партнери, со цел да се зајакнат нивните вештини за интегрирање на практики на внимателност (mindfulness) во спортските програми за млади.
Учесниците беа запознаени со новоразвиената методологија „MindPlay“, која претставува комбинација од неформално образование и техники на внимателност, прилагодени за спортски контексти. Преку практични работилници, учење од врсници и сесии со експерти, обуката им овозможи на присутните да ги поддржат младите спортисти во зачувување на нивното ментално здравје и намалување на притисоците со кои се соочуваат во натпреварувачкиот и рекреативниот спорт.
Оваа обука претставува важен чекор во спроведувањето на проектот и поставува темели за претстојните пилот-активности што ќе се реализираат во локалните спортски клубови низ земјите партнери.
Проектот „MindPlay“ е кофинансиран од Европската Унија.







