Започнуваме со “Green steps” проектот
Интеркултура официјално започнува со спроведување на меѓународниот младински проект Green Steps (KA152-YOU), чија цел е промовирање на одржлив развој и подигнување на свеста кај младите за заштита на животната средина.
Проектот ќе обедини 35 учесници на возраст од 18 до 26 години од пет земји:
- Полска
- Португалија
- Италија
- Романија
- Македонија
Секој национален тим ќе биде составен од млади учесници, како и еден искусен лидер на групата кој ќе ги води активностите.
Преку тематски работилници, еколошки акции, дебати и меѓународни разменски програми, учесниците ќе учат како да го намалат отпадот, да ги реупотребуваат предметите, да го промовираат рециклирањето и активно да придонесуваат кон заштитата на животната средина во своите заедници. Посебен фокус ќе биде ставен на размена на добри практики, запознавање со локалните и европските еколошки предизвици, како и садење дрвја прилагодени на специфични услови како дел од практичните работилници.
Пред главната младинска размена, ќе се одржи подготвителна средба (Advance Preparatory Visit – APV) од 16 до 18 мај 2025 година во Красичин, Полска, на која ќе учествува по еден претставник од секоја партнерска организација. Оваа средба има за цел да ги усогласи сите партнери околу логистиката и содржината на проектот.
Проектот ќе кулминира со младинска размена што ќе се одржи во Красичин, Полска, во јули 2025 година.
Вклучени партнерски организации:
- Fundacja Integra+ (Полска)
- MORE – Laboratório Colaborativo Montanhas de Investigação – Associação (Португалија)
- ActEU – Activists for EU youth mobility (Италија)
- CERCUL EXCELENTEI (Романија)
- Здружение за културна соработка Интеркултура Скопје (С. Македонија)
Проектот Green Steps е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+.


