Потпишан договор за суб-грант за проектот “Зборовите оставаат лузни”
Потпишавме договор за суб-грант во рамки на програмата на Reporting Diversity Network (RDN), кофинансирана од Европската Унија.
Проектот со наслов „Зборовите оставаат лузни“ ќе се реализира во период од шест месеци, од октомври 2025 до март 2026 година.
Главната цел на проектот е да се спротивстави на говорот на омраза во онлајн медиумите и да се промовира инклузивно медиумско претставување на маргинализираните заедници во Македонија. Проектните активности вклучуваат истражување за трендовите на говорот на омраза во дигиталните медиуми, едукативни работилници со млади, јавна кампања „Зборовите значат“ и изложба со уметнички и визуелни содржини кои ја отсликуваат реалната штета што говорот на омраза ја предизвикува во заедницата.
Преку оваа иницијатива, Интеркултура ќе работи со млади луѓе, медиумски професионалци и маргинализирани заедници со цел да се зајакне медиумската писменост, да се охрабрат позитивни наративи и да се изгради медиумска средина која се заснова на почитување, различност и еднакви можности за сите.


