PASS фестивалот доаѓа во Скопје!
Од 21 до 24 мај, Скопје станува сцена за еден од највозбудливите street art настани во Европа. Главните јавни денови се 22 и 23 мај, кога иницијативата PASS ќе обедини уметници од целиот континент за живо создавање мурали, работилници, панел-дискусии и настапи од уличната култура на две препознатливи градски локации.
PASS е повеќе од фестивал. Тоа е платформа каде што уметноста се среќава со заедницата, каде што ѕидовите стануваат платна, а публиката не е само набљудувач туку активен учесник. Особено сакаме да видиме мигранти, припадници на етнички и културни малцинства и лица со попреченост, вашите приказни и перспективи се токму причината поради која постои овој фестивал.
Двата дена се бесплатни и отворени за јавноста. Не е потребна регистрација, само дојдете, вклучете се и бидете дел од нешто што ќе остане на ѕидовите на Скопје долго по завршувањето на фестивалот.
Фестивалот се организира во рамки на проектот „PASS- The Street Art, Shake the Hand“, имплементиран од партнери од Македонија, Србија и Словенија, со цел да ги обедини уметниците и заедниците во заедничко создавање мурали, графити, перформанси и други форми на улична уметност што ја слават различноста и ја зајакнуваат социјалната кохезија низ Европа. Проектот е кофинансиран од Европската Унија.


