Генерално собрание на CONNECT International 2024

Како долгогодишен член на мрежата CONNECT International, Интеркултура повторно учествуваше на годишното Генерално собрание, кое се одржа од 6 до 7 ноември 2024 година во Љубљана, Словенија.
Претставници на организациите-членки на CONNECT се собраа за да ги разгледаат постигнувањата од изминатата година, да постават стратешки цели за 2025 година и да споделат идеи за идни проекти и иницијативи во областа на младинската работа и меѓународната соработка. Во мрежата беа пречекани нови членки од Франција и Албанија, а извештаите од Управниот одбор беа разгледани и усвоени.
Интеркултура активно придонесе во дискусиите, особено во теми поврзани со мобилноста на младите, неформалното образование и промоцијата на интеркултурниот дијалог. Веруваме дека воспоставувањето заеднички приоритети и размената на добри практики во рамки на CONNECT ја зајакнува работата на сите членки, вклучително и нашата организација.
Работата на CONNECT International е кофинансирана од Европската Унија и поддржана од Европската младинска фондација при Советот на Европа.

