Иднината СЕГА, Вклучи се!
Екологијата и заштитата на животната средина се повеќе се налага како приоритет за да не ги забрзуваме климатските промени и да и дадеме шанса на природата да се грижи за нашето здравје. Еколошката свест на граѓаните е на многу ниско ниво и многу малку на лично ниво влијаат за заштита на животната средина. Неколку аспекти се многу видливи во оваа насока, некористењето на велосипеди наместо коли, негрижата за рециклирање, негрижата и загадувањето на околината. Ова е последица на неколку фактори кои се поврзани помеѓу себе, како на пример недоволниот број на безбедни патеки за велосипеди, недоволната еколошка едукација на граѓаните и слично. Значи проблемот се дефинира на Институционално ниво и на ниво на лична одговорност.
Градот Скопје се соочува со голем предизвик да го намали загадувањето на воздухот. Загадувањето особено во зимските месеци е во големи рамки и е штетно по здравјето на граѓаните.
Во рамките на проектот беа реализирани работилници, тренинг за фасилитатори и завршен настан.
Беа реализирани 12 сесии со 12 различни групи на млади и секоја група се состоеше од 10-18 млади на возраст од 16-18 години, ученици од 6 средни училишта на територијата на Град Скопје: СУГС Георги Димитров, СУГС Јосип Броз Тито, СУГС Никола Карев, СУГС Зеф Љуш Марку, СУГС Арсениј Јовков, СУГС Здравко Цветковски. Групите беа мешани, машки и девојчиња како и мешани на етничка основа.
Работилниците беа насочени кон запознавање на обновливите извори на енергија како и рециклирањето на електронскиот отпад. Во текот на работилниците самите учесници дадоа интересни согледувања и идеи како може да се реши проблемот со искористување на обновливите извори на енергија и електронскит отпад.
Теми на работилниците беа:
- Користење на алтернативни извори на енергија
- Кои се алтернативни извори на енергија и
- Како класичните извори на енергија се повеќе негативно влијаат на околината во која живееме
- Рециклирање на електронски отпад
- Што е електронски отпад
- Штетноста од електронскиот отпад доколку не се рециклира на правилен начин
По завршувњето на работилниците беше организиран тренинг за фасилитатори во траење од 18 сесии за по двајца ученици од секое училиште вклучено во проектните активности. Учениците успешно го завршија тренингот и во зависност од потребата во нивните училишта ќе организираат работилници со учениците од прва и втора година.