Младите и вработувањетo
Според официјалните податоци на Обединетите Нации, http://mdgs.un.org, Република Македонија се наоѓа на поразителното второ место по стапката на невработеност на младите, кое изнесува 54,9%.
Доколку се обидеме на интернет пребарувачот да ги побараме зборовите “вработување“ и “млади“, ќе ни излезат прилози за тоа колку луѓе ја напуштиле државава изминатите десетина, петнаесет години, солидарност).
Проектот е финансиран од проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Дека состојбата воопшто не е розова, не треба да се прават премногу анализи, реалноста ја гледаме сите. Невработеноста на младите е проблем со кој се соочуваат многу други држави. За пример ќе ја земеме ЕУ. Секоја чест на повеќето региони во Германија и Австрија, меѓутоа поголем дел од останатите држави имаат проблем со вработеноста на младите. А токму унијата е нашиот најголем трговски и економски партнер и заедница каде што сакаме да се приклучиме.
Министерот за надворешни работи на Германија, Волфган Шлојбе, побара од земјите членки на ЕУ, да превземат конкретни чекори кон зголемување на вработеноста на младите. Оттука се прашуваме, каде лежи најголемата одговорност на решавање на приоритетите на младите?