ОБУКАТА ЗА СПРОТИВСТАВУВАЧИ „РАЗМИСЛИ! НЕМОЈ ДА МРАЗИШ“ СЕ ОДРЖА ВО СОЛУН, ГРЦИЈА
Од 17-ти до 24-ти август 2021 година во Солун, Грција се одржа обука “THINK! Don’t hate” (“Размисли! Немој да мразиш”). Овој настан претставува можност за младите луѓе и младинските работници од Грција, Црна Гора, Србија, Македонија, Белгија, Шпанија, Хрватска и Косово да се соберат заедно и да стекнат новите знаења и вештини за користење на критичкото размислување во борбата против онлајн говорот на омраза. Учесниците на обуката, исто така, работеа на развојот на иновативната наставна програма за “спротивставувачи“ и изработија серија интерактивни работилници за спречување на говорот на омраза кои ќе бидат одржани во наредните месеци во нивните локални заедници.
Главната цел на проектот “Размисли! Немој да мразиш” е борба против говорот на омраза во онлајн свет преку деконструкција и дискредитација на наративите на кои се заснован таков говор, како и преку зајакнување на младите луѓе да станат лидери во борбата против лажните вести, предрасудите и омразата која се шири преку Интернет.
Проектот е имплементиран од страна на Kosova Young Lawyers – KYL (Косово) во координација со нивните пет партнер-организации: Syllogos Apofiton Ekpedeftirion Mandoulidi (Грција), НВО Прима (Црна Гора), Connect International (Белгија), Здружение на ѓраѓани Либеро (Србија) и Здружение за Културна Соработка Интеркултура Скопје (Македонија)
Овој проект е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија.