ПРОЕКТОТ INTHROUGH ВО ВАРАЖДИН

14
Мај

ПЕТТИ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТЕН СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ INTHROUGH ВО ВАРАЖДИН

Во хрватскиот град Вараждин од 9 до 11 мај 2022 година се одржа петтиот транснационален проектен состанок во рамките на проектот „INThROough – моќта на меѓусекторската синергија меѓу образованието и спортот“.

Овој состанок беше организиран со цел да се формираат фондации и да се склучат договори со кои ќе се воспостави мрежата „INThROugh“, чија цел е да се обезбеди долгорочна меѓусекторска соработка помеѓу партнерските организации, спортските клубови и локалните власти кои учествуваат во имплементацијата на проектот. Токму затоа во рамките на овој настан беше потпишано писмо за намери помеѓу засегнатите страни вклучени во проектот и истото беше јавно презентирано на прес-конференција. 

Исто така, во рамките на ова средба беше организиран настан на отворено на кој беа поканети младите, спортските тренери и едукаторите. За време на овој настан беа презентирани придобивките и влијанијата од користењето на методологија развиена во рамките на проектот за интегрирање на спортот и образованието како корисни алатки за промовирање на европските вредности.

Бидејќи овој состанок беше последен што се организираа во рамките на проектот INthROugh, тој исто така им даде можност на партнерите да направат подлабока евалуација на добиените резултати и достигнувања на проектот, да разговараат за подготовката на финалниот извештај и да ги дефинираат деталите за кампањата за застапување и кампањата  преку социјалните медиуми.

Овој проект е ко-финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...
mk_MKMacedonian