Визија: Интеркултура – организација за културна соработка е препознаена и респектирана организација, која успешно работи на решавање на потребите и приоритетите на младите,промовира интеркултурен дијалог, делува на локално, национално и меѓународно ниво.
Мисија: Континуирана работа за решавање на потребите и приоритетите на младите и промовирање на интеркулутрен дијалог.
Организација за културна соработка ИНТЕРКУЛТУРА е основана кон крајот на 1997 година и официјално е регистрирана во 1998 година.
Во моментов, организацијата е активна на локално и национално ниво, но во исто време сме претставени и дејствуваме на меѓународно ниво. Главна цел на организацијата е промовирање на младинската работа, преку неформалното образование, како и промовирање на културата на сите етнички заедници кои што живеат во Македонија преку:
o Активно учество на младите во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво
o Меѓукултурен дијалог на национално и меѓународно ниво
o Меѓурелигиски дијалог
o Заштеда на енергија и намалување на ефектите од климатските промени
o Толеранција и ненасилно разрешување на конфликт
o Намалување на невработеноста и социјална интеграција на младите
Со повеќе од 30 години работно искуство во развој и промовирање на младинско учество и интеркултурно образование. Високо развиени вештини и знаења за управување со проектен циклус, планирање, развивање проектни апликации, градење капацитети, застапување, младинско учество. Учествувал и испорачал голем број семинари, обуки, едукативни курсеви.
Раководел со вработени и волонтери, а особено е горд на можноста да работи и да управува со меѓународни и етнички мешани тимови.
Ајсулу е високо квалификуван професионалец со силна академска позадина и долгогодишно искуство во сектор на невладини организации, образование, бизнис и масовни медиуми. Таа има страст за промовирање на социјалната правда и човековите права, особено меѓу младите. Ајсулу одигра клучна улога во промовирањето на законските реформи, заштитата на правата на децата и промоцијата на граѓанските иницијативи како еден од основачите на Младинската
група за човекови права, младинска невладина организација од Киргистан. Како наставник по бизнис и економија на колеџот Јахја Кемал, Ајсулу успешно ги има применето методи на неформално образование во наставните програми во средните училишта. Ги сака деталите, а
нејзините силни организациски вештини и способноста за ефективно работење во тимско опкружување ја прават непроценливо богатство за секој проект.
Во светот на невладините организации и неформалното образование, Ивана е активна повеќе од 15 години. Како квалификуван младински работник со долгогодишно искуство со работа во
граѓански организации и реализација на проекти, Ивана има големо искуство во управувањето со проекти. Тимот може да се потпре на неа за извршување на широк спектар на задачи поради нејзиниот
позитивен став, креативност и отворен ум. Нејзиното искуство опфаќа неформално образование, подготовка и имплементација на проекти, медиумска писменост, како и ангажман на засегнатите страни, вклучувајќи ги партнерите и локалната власт. Како борец за младински права, учество на граѓаните и еднаквост, таа ги промовира интересите на младите и човековите права. Нејзиниот најголем предизвик е да работи на проекти кои
вклучуваат различни култури и традиции од целиот свет.