Јавен повик за учество во истражување во рамки на проектот DESERve
Во рамки на проектот DESERve, во тек е истражување насочено кон спортски клубови и младински организации, со цел да се мапираат потребите, предизвиците и постојните добри практики во работата со деца и млади, особено со млади со помалку можности. Истражувањето има за цел да обезбеди релевантни податоци кои ќе придонесат кон развој на практични алатки, препораки и политики за превенција и справување со насилство во и преку спортот.
Ги повикуваме сите спортски клубови и младински организации да одвојат неколку минути и да го пополнат прашалникот достапен на следниот линк . Со вашето учество директно придонесувате кон креирање поквалитетни политики и активности за младите во спортот и младинскиот сектор. Ви благодариме за поддршката и соработката.


