54 учесници беа дел од онлајн работилницата „Зборови што оставаат лузни“
Во рамки на проектот „Зборови што оставаат лузни“, успешно се одржа онлајн работилница посветена на подигнување на свеста за влијанието на зборовите и комуникацијата во секојдневниот живот.
На работилницата учествуваа вкупно 54 учесници, кои активно се вклучија во дискусиите и активностите. Преку интерактивен пристап, учесниците имаа можност да разменат искуства, да споделат лични согледувања и да продискутираат за последиците од навредливиот и штетен говор, како и за начините на градење почитувачка и поддржувачка комуникација.
Дискусијата се разви во исклучително конструктивна и отворена насока, при што беа покренати важни прашања поврзани со емоционалното влијание на зборовите, особено во онлајн просторот. Учесниците покажаа висок степен на ангажираност и интерес, што придонесе за создавање на безбедна средина за учење и размена.
Работилницата претставува значаен чекор кон остварување на целите на проектот, кој има за цел да поттикне свесност, одговорност и позитивни промени во начинот на комуникација.
Овој проект е кофинансиран од Reporting Diversity Network и Европската Унија



