Connected by heARTs
Главна цел на проектот:
Главната цел на проектот е да развие методологија за виртуелна обука за младински работници за тоа како да ги вклучат младите луѓе со и без попреченост во создавањето атрактивни, креативни и културни активности, со цел да се да им помогне на нивниот пат на интеграција и надминување на предрасудите и дискриминаторските ставови од пошироката заедница.
Цели на Connected by heARTs
* Да се олесни соработката и вмрежувањето меѓу младите со и без попреченост преку развој на уметнички активности.
* Да се развијат недискриминаторски ставови и да се намалат предрасудите кон лицата со попреченост кај младите од локалната заедница.
* Да ги поттикне младите работници и креативноста на младите преку надградување на нивните уметнички вештини и да ги стимулира активно да се вклучат во културниот живот.
Интелектуален резултат од проектот – Дигитален водич за виртуелна обука – Дигиталниот водич ќе биде описен, објаснувачки, вклучувачки и интерактивен – преку кој младите со и без попреченост ќе можат да се подобрат лично и професионално, со поддршка на младинските работници, Подигнување на нивното знаење и разбирање за себе и за едни со други, што е корисно за подобрување на меѓусебната соработка и заеднички напредок кон постабилна и подобра иднина. Водичот ќе се разликува од традиционалните пристапи кон оваа тема, поради неговиот најсовремен уметнички концепт.
Партнери: Интеркултура (Македонија) АМПЕРСАНД (Македонија), BACKSLASH (Шпанија), ASSOCIATION FOR EDUCATION AND DEVELOPMENT OF DISABLED PEOPLE (Грција)