Камп „Културна толеранција“
„Културна толеранција“
Волонтерите на ИНТЕРКУЛТУРА во соработка со нашите вработени, повторно со успешно реализирана приказна. Беше организиран и реализиран камп за „Културна толеранција“. Во текот на кампот беа организирани работилници на кои се обработуваа теми како: културна толеранција, интеркултурен дијалог, култура, традиција, етнички групи во нашето општество, сличности и разлики помеѓу етничките групи, мултикултурно општество, стереотипи, предрасуди, дискриминација и слично.
Преку неформални методи на работа, учесниците имаа можност да го пренесат своето знаење стекнато на работилниците, да разменат мислења со припадници од различни етничку групи, да соработуваат помеѓу себе и секако да се дружат.
Како краен имупт на самиот камп, беа реализирани четри театарски претстави, каде што учесниците имаа можност да го споделат стекнатот искуство за време на кампот.