“Што сега ? Што потоа?”
Кампања за поддршка на вработување на млади без родители и родителска грижа и млади во социјален ризик.Интеркултура заедно со Здружение за заштита на правата на детето – Дневен Центар за децата на улица во Шуто Оризари и СОС Детското село во Скопје во 2012 година започнаа да ја имплементираат Кампањата “Што сега ? Што потоа?” за младите без родители и родителска грижа и млади во социјален ризик.
Целта на кампањата е да им се даде поддршката на младите без родители, родителска грижа и млади од социјален ризик да дојдат до стабилен самостоен живот.
Кампањата “Што сега ? Што потоа?” во спорведувањето на своите активности за остварување на целта ги вклучи државните институции,општините, приватниот бизнис сектор и индивидуалции кои дадоа свој придонес кон остварување на целта и поддржка на младите во социјален ризик.
Преку активностите на оваа кампања, младите без родители и родителска грижа и млади во социјален ризик имаа можност:
- да се дообразуваат и да стекнат вештини согласно потребите на работното место;
- да станат независни и самодопринесувачки граѓани на нашата земја;
- за посветла идина и самостоен живот.
Спроведувањето на оваа кампања донесе резултат од 50 вработувања на млади без родители и родителска грижа во државни институции и приватниот бизнис сектор.