СТАРТ НА ПРОЕКТОТ “FAMILY FRIENDLY SPORTS”

15
Јун

СТАРТ НА ПРОЕКТОТ “FAMILY FRIENDLY SPORTS”

Проектот „FFS – Family Friendly Sports“ е поддржан од Еразмус+ Програмата на Европската Унија и обединува 7 различни органзиации и спортски клубови од 5 земји низ Европа. Целта на проектот е да се создаде одржлив екосистем за развој и раст на пријателски спортови кои се насочени кон подобрување на здравјето на децата и нивната социјална вклученост.

FFS проектот вклучува бројни активности, кои комбинираат офлајн и онлајн, формати и се адресирани до сите релевантни целни групи: деца, млади луѓе, семејства, спортски клубови и спортски организации, како и до засегнати страни кои до одреден степен се вклучени на спортското поле – вклучувајќи ги здруженијата на родители, спортските федерации, локалните власти, спонзорите и донатори, училиштата, граѓанските организации, медиумите и многу други.

Прв состанок на проектот “FAMILY FRIENDLY SPORTS” во Скопје.

Од 8 до 11 јуни 2022 година во Скопје, Македонија, се одржа почетниот состанок во рамките на овој проект, во кој примија учество претставниците на проектен Конзорциумот – MoveIt и атлетскиот клуб AEET (Грција), НВО Backslash (Шпанија), НВО Либеро, и Кошаркарскиот клуб Церак (Србија), CONNECT International (Белгија) и НВО Интеркултура и карате клуб Металург (Македонија). Состанокот им овозможи на членовите на Конзорциумот да ги финализираат целта и задачите на проектот, да ја дефинираат структурата на истражувањето од првата фаза од проектот и да се договорат за распределбата на задачите и целокупната координација.

Останете со нас и следете ги нашите претстојни активности во рамки на овој проектот!

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...
mk_MKMacedonian